Top Sport

Ливерпул нема да го откупат договор на Кабак

Озак Кабак, по завршувањето на сезоната, ќе се врати во Шалке. Ливерпул нема да го откупи договорот на турскиот репрезентативец.

Озан Кабак, во зимскиот преоден рок, пристигна во Ливерпул од Шалке како позајмен играч, со можност клубот од „Енфилд“ да го откупи неговиот договор за 20 милиони евра.

Сезоната за Кабак е завршена. Клубот објави дека тој е повреден. Како стојат работите ќе остане на бројката од девет одиграни натпревар во црвениот дрес.

Јирген Клоп, изјави дека Ливерпул нема да го откупи договор Кабак.

Репрезентативецот на Турција има договор со Шалке до јуни 2024 година, но нема да се здражи во клубот кој испадна во втората лига.

Scroll to Top