Top Sport

Роналдо ги „исели“ луксузните автомобили од Торино

Кристијано Роналд (36) го подготвува своето заминување од Торино. Медиумите во последните две недели пишуваат дека тој наредната сезона нема да биде играч на Јувентус. Во прилог на оди и информацијата дека Роналдо синоќа ја испразнил својата гаража во Торино.

Во јавноста се појави снимка како во шлепери се товарат неговите скапоцени автомобили.

Роналдо е познат како колекционер на брз и скапи автомобили. Минатата недела тој издвои 1,6 милиони евра за моделот на Ферари, Монца СП2.

Во својата ергела Роналдо има два автомобили Бугари, Ферари Ф12 ТДИ, Мерцедес Брабус, Мекларен Сена.

Вредноста на автомобилите изнесува 7,5 милиони евра.

Кристијано Роналдо за Јувентус има одиграно 132 натпревари, на кои постигнал 101 гол.

Scroll to Top