Одигрувањето на дуелот од полуфиналето на Карабао купот (Англискиот лига куп) помеѓу Ливерпул и Арсенал во четврток е неизвесен, откако „црвените“ имаат голем проблем со пандемијата на КОВИД-19.
Ливерпул беа без менаџерот Јирген Клоп и тројца фудбалери за дербито со Челси во текот на викендот поради сомнителни позитивни тестови, а сега клубот потврди дека го откажале тренингот во вторник поради позитивните случаи.
„Црвените“ беа без 9 фудбалери за мечот во Челси во неделата, од кои само двајца, Ендру Робертсон и Такуми Минамино имаат шанси да се вратат до четврток. Тие исто така се без Мохамед Салах, Садио Мане и Наби Кеита, кои заминаа на Африканскиот куп на нации (АФЦОН).