Нов натпревар и нова повреда во редовите на Ливерпул. Наби Кеита ја прошири листата на повредени на „Енфилд“.
Ливерпул, синоќа, без пола тим славеше над Лестер со 3:0, но во текот на мечот останаа без Кеита. Фудбалерот за чии трансфер црвените пред две години платија 60.000.000 евра, теренот го напушти во 53.минута.
„Почувствува болка во коленото, не можеше да го продолжи натпреварот. Деталните прегледи ќе покажат за каква повреда станува збор“, рекол менаџерот Јирген Клоп, кој гласно го искажал незадоволството од густиот распоред.
Клоп се соочува со големи проблеми, поради повреди долго време ќе отсуствуваат Вирџил Ван Дајк и Џо Гомез, додека Трент Александер-Арнолд и Џордан Хендерсон нема да можат да им помогнат на соиграчите околу еден месец.
Во тимот против Лестер го немаше и Мохамед Салах. Египетскиот репрезентативец е позитивен на коронавирусот.