Top Sport

Манчестер сити нудат 105.000.000 евра за Лукаку

Пеп Гвардиола сака да го има во Манчестер сити напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку. Гвардиола смета дека Белгиецот може да ги реши проблемите со ефикасноста во нападот. Англичаните тврдат дека Сити, во јануарскиот преоден рок, ќе испратат понуда до Интер.

Манчестер сити, од почетокот на сезоната во Премиер лигата, на осум натпревари постигнале само десет гола. Гвардиола смета дека му е потребен нов напаѓач, кој ќе биде наследникот на Кун Агуеро. Аргентинецот има 33 години, а во последните две сезони често има проблеми со повредите.

Според медиумите во Англија Манчестер сити за Лукаку ќе понудат 105.000.000 евра.

Лукаку е најдобриот играч на Интер, минатата сезона тој постигна 34 гола.

Инаку, Лукаку од Манчестер, но од неговиот црвен дел, се пресели во Милано.

Белгиецот во периодот 2017-2019, за Манчестер јунајтед одиграл 66 натпревари, постигнал само 28 гола.

Scroll to Top