Top Sport

Ливерпул остварил контакт со Френки де Јонг

Трансферот на Френки де Јонг во Манчестер Јунајтед пропадна, но играчот од средниот ред на Барселона ќе биде интересен на маркетот и оваа зима. „Црвените ѓаволи“ се уште се заинтересирани за него, но ќе имаат сериозна конкуренција. Според „ЕСПН“, за холандскиот интернационалец се заинтересирани и Челси и Ливерпул. Претставници на „црвените“ веќе контактирале со агентите на Де Јонг.

Во Челси имаа информации дека играчот од средниот ред е подготвен да ја преиспита својата одлука и да ја напушти Барса. Како што е познато, пред почетокот на сезоната, каталонскиот клуб се согласил да го продаде на Манчестер Јунајтед, но самиот играч го одби трансферот. Сепак, ситуацијата сега може да се промени.

Де Јонг се пресели на „Камп Ноу“ од Ајакс во 2019 година. Неговиот договор е до 2026 година. Во тековната сезона Холанѓанецот има 12 натпревари и еден гол во Ла Лига.

Scroll to Top