Top Sport

Ливерпул подобар од Вест Хем, нов пораз за Челси

Ливерпул го победи Вест Хем на гости со 1:2 и сѐ уште се надева дека можеби и ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Лукас Пакета го доведе домаќинот во водство во 12.минута, но израмни Коди Гакпо само шест минути подоцна.

Победничкиот гол беше дело на Жоел Матип во 67.минута од дуелот.

Челси никако не може да се разбуди и под раководство на Френк Лампард. „Сините“ загубија дома од Брентфорд со 0:2. Аспиликуета си постигна автогол, а во второто полувреме погоди и Брајан Мбеумо.

Нотингем Форест оствари многу важна победа во битката за опстанок, совладувајќи го Брајтон на домашен терен со 3:1.

Scroll to Top