Top Sport

Ливерпул привремено го затвори тренинг центарот

Фудбалскиот клуб Ливерпул потврди дека привремено е затворен тренинг центарот. Бројот на заразени со коронавирусот во клубот секојдневно се зголемува. Поради тоа клубот во консултација со здравствените власти ја донесе оваа одлука.

Во изолација од денеска е и помошникот на Јирген Клоп, Пеп Лајндерс, поради што клубот ја откажа прес конференцијата пред мечот со Арсенал, во Лига купот. За потсетување менаџерот Коп е во изолација од минатата недела.

Ливерпул, вчера, поднесоа барање, нивниот натпревар со Арсенал да биде одложен. До сега не добиле никаков одговор.

Scroll to Top