Фудбалерите на Ливерпул комплетно го надиграа денешниот ривал во второто премиерлигашко коло – тимот на Барнли, па по 90 минути на „Енфилд“ стоеше 2:0 во корист на „црвените“.
Иако избраниците на Јирген Клоп упатија 26 удари кон голот на Поуп (8 одеа во рамките на голот) само два го најдоа патот до неговата мрежа.
Во 18 минута Диего Жота на асистенција на Цимикас го носи Ливерпул во предност од 1-0.
Водството беше зголемено на 2-0 уште во 27 минута, стрелец беше Салах, но по ВАР асистенција погодокот беше поништен.
Вториот гол со кој беше поставен конечниот резултат го постигна Садио Мане во 69 минута, по асистенција на Александер-Арнолд.
Ливерпул кој во минатото коло славеше како гостин кај Норич со 3-0 има 2 од 2 на стартот на ПЛ, без примен гол.
Сепак, куриозитет на средбата беше тоа што гостинските фудбалери настапија со броеви на дресовите од 1 до 11, нешто што во минатото беше вообичаена пракса.
Последен пат во ПЛ ова се случило во минатиот век, во сезоната 1998/99, од фудбалерите на Чарлтон.