Top Sport

Ливерпул сака да купи играч на Манчестер Сити

Англискиот премиерлигаш Ливерпул сака да се засили од ривалот Манчестер Сити. Нивната желба е фудбалерот од средниот ред, Калвин Филипс.

Јирген Клоп го избра англискиот играч за врска кој е во втор план кај менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола.

Филипс минатото лето пристигна од Лидс за 49 милиони евра, но повредите во голема мера ја одредија неговата судбина во тимот на Манчестер Сити.

Калвин Филипс е репрезентативец на Англија, но не успеа да се избори во силната конкуренција во Сити, па заминувањето во Ливерпул можеби би бил вистински потег за фудбалерот.

 

 

Scroll to Top