Top Sport

Ливерпул се откажале од Вернер – на „Енфилд“ доаѓа Траоре

Ливерпул се откажале од трансферот на Тимо Вернер бидејќи менаџерот Јирген Клоп имал намера на „Енфилд“ да го донесе крилниот напаѓач на Вулверхемптон Адама Траоре.

Вернер се поврзуваше со Ливерпул, но „црвените“ решиле да се повлечат од трката откако не успеале да го убедат Лајпциг да им го продадат за 40 милиони евра. Клаузулата за откуп на договорот на Вернер изнесува 60 милиони евра и во Лајпциг инсистирале сумата да биде платена.

Поради тоа Клоп ќе се обиде да стигне до еден од најбрзите и секако физички најсилните фудбалери во Премиерлигата. Наводно клубовите веќе подолг период го договарале трансферот.

Траоре сезонава игра во добра форма, а особено импреисонираше во дуелите против најдобрите во Англија, Ливерпул и Манчестер сити.

Англиските медиуми шпекулираат дека трансферот на Траоре би можел да изнесува 65 милиони евра.

Scroll to Top