Top Sport

Ди Ливио: Јуве го нема „оној“ менталитет

Некогашниот фудбалер на Јувентус Анџело Ди Ливио рекол дека не му се допаѓа менталитетот на актуелниот состав, тој не верува дека играчите на „старата дама“ можат да го освојат трофејот во Лигата на шампионите.

„Јувентус е се уште далеку од Лигата на шампионите. Имаат и проблеми во Серија А, одличните Лацио се само поен зад нив. Против Лион можат да го надоместат минусот од првиот меч, но не ми се допаѓа нивниот менталитет. Агресивност, немилосрдни удари и приврзаност кон дресот тоа недостига“, рекол Ди Ливио.

Поранешниот играч на Фиорентина беше член на последната генерација на Јувентус која во 1996 година го освои трофејот во Лигата на шампионите. Ди Ливио смета дека клупските челници направиле голема грешка минатото лето кога го отпуштија тренерот Масимилијано Алегри.

„Таа промена малку луѓе ја разбраа. Оној што победува, а тој победуваше, мора да биде испочитуван. Алегри можеше да биде новиот Лип“, заклучил Ди Ливио.

Scroll to Top