Top Sport

Ливерпул се сеќава на трагедијата во Хилсборо

Со едно минутно молчење, попладнево во Ливерпул, ќе бидат обележани 30 години од трагедијата на стадионот „Хилсборо“ во Шефилд.

Најголемата спортска трагедија во историјата на англискиот спорт се случи на денешен ден во 1989 година, пред почеткот на Куп натпреварот помеѓу Ливерпул и Нотингем Форест, кога на стадионот „Хилсборо“ загинаа 96 луѓе.

На скалите на Сент Џорџс Хола во центарот на Ливерпул ќе бидат поставени 96 свеќи, а над нив ќе бидат закачени фотографии на сите 96 загинати навивачи.

Минутата молчење во градот ќе настапи во 15.06 часот.

Знамињата на јавните згради ќ бидат спуштени на половина копје, а ѕвоната на Градската куќа ќе се огласат 96 пати.

Градоначалникот на Ливерпул, Џо Андерсон, рекол дека целиот град ќе покаже солидарност за да им одаде почит на настраданите.

Комеморацијата ќе биде одржана во 14.45 часот, додека славната трибина „Коп“ на стадионот на Ливерпул ќе биде отворена од 13 до 16 часот.

Вечера, дербито помеѓу Ливерпул и Челси, започна со минута молчење, а фудбалерите носе црни ленти.

Scroll to Top