Top Sport

Моти спаси жива глава на дербито во Софија (Видео)

Фудбалерите на Лудогорец, викендов славеа важна победа во борбата за шампионската титула. Екипата од Разград со 2:0 го победи Левски во Софија.

Лудигорец има 67 бода на челната позиција, три повеќе од ЦСКА Софија, а Левски остана на третото место со 58 бода.

Кесеру го постигна првиот гол на дербито во 38 минута, а конечните 0:2 ги постави Моти во 80 минута.

Вториот гол предизвика хаос на трибините, бидејќи романскиот фудбалер голот го прослави пред навивачите на Левски, кои се обидоа да влезат на теренот за да се пресметаат со него.

https://twitter.com/shumansko/status/1117488507600220160

На крајот од натпреварот еден од навивачите на Левски, пропаднал низ покривот на тунелот во обид да дојде до Моти.

https://twitter.com/shumansko/status/1117489308456321024

Scroll to Top