Top Sport

Вудс победи, тој заработил 1,2 милиони долари

Тајгер Вудс, викендов направи еден од најголемите пресврти во историјата на модерниот спорт и успеа по шести пат во кариерата да го освои Мастерсот во Џорџија. Вудс по пауза од 11 години освои голема титула, а во Огаста победи по пауза од 14 години.

Еден од најдобрите голфери во историјата, до титулата дојде со неверојатна серија пред Франческо Молинари. Победата на Вудс, трагично ја примија во најпознатата светска обложувалница „Вилијам Хил“.

Во петокот, неименуван играч уплатил 85.000 долари дека Вудс ќе ја освои титулата. Епилогот е познат, Вудс победи, а храбриот обложувач заработил 1,2 милиони долари.

„Сјајно е што Тајгер се врати. Ова е лош ден за „Вилијам Хил“ бидејќи ја доживеавме најголемата загуба од постоењето“, изјаил директорот на обложувалницата Ник Богдановиќ.

Scroll to Top