Европските шампиони Ливерпул се вратија на натпреварите со пријателски меч со локалните ривали, третолигашот Транмир роверс на нивниот „Прентон парк“, стигнувајќи до убедлива 6:0 победа.
Јирген Клоп, секако, се врати со тим кој многу се разликуваше од тој кој го победи Тотенхем во Мадрид, бидејќи многу млади фудбалери добија шанса за игра, како тинејџерот Рајан Брустер, кој постигна два гола и импресионираше во мечот.
Голови за „црвените“ постигнаа и Натаниел Клајн, Кертис Џонс, Боби Данкан, како и „џокерот“ Дивок Ориги, кој вчера го продолжи договорот со Ливерпул.