Џејми Варди постигна два гола на стартот, а Џејмс Медисон даде гол кој мора да се види за да се поверува, но тоа не беше доволно Лестер да ги елиминира Ливерпул на „Енфилд“ во четврт-финалетона Англискиот лига куп (Карабао купот).
Џејми Варди го замолче „Енфилд“ на стартот на мечот, постигнувајќи голови во 9. и во 13. минута, пред да дојде брзиот одговор преку Александер Окслејд-Чембрлен во 19. минута. Тогаш дојде најубавиот момент на мечот кога во 33. минута, Медисон постигна гол од неверојатна далечина. Комбинираниот тим на Јирген Клоп се врати во игра во 68. минута со голот на замената Диого Жота, пред Такуми Минамино да донесе пенали во 91. минута од мечот. Во пенал серијата, Минамино не го погоди својот пенал, но двајца фудбалери на Лестер не дадоа голови за неверојатна елиминација.
Тотенхем, пак, со 2:1 го доби лондонското дерби за да влезе во полуфиналето, каде што вчера се пласираа и нивните лути ривали Арсенал по победата над Сандерленд, како и актуелниот европски шампион, Челси, кому му беше потребен автогол во 80. минута и пенал во 85. минута за со 2:0 да ги совладаат Брентфорд.
Pffff, GOLAZO de James Maddison.
— Tomiconcina? (@Tomiconcina1) December 22, 2021
Тотенхем и Вест хем имаа неверојатни пет минути игра, во кои паднаа трите гола на мечот. Стивен Бергвајн ги донесе Тотенхем во водство во 29. минута, Џереми Боуен израмни во 32. минута, пред Лукас Моура да врати гол во 34. минута од мечот.
АНГЛИСКИ ЛИГА КУП, 1/4 ФИНАЛЕ
Ливерпул – Лестер 3:3, 5:4 пен.
Брентфорд – Челси 0:2
Тотенхем – Вест хем 2:1