Top Sport

Ливерпул со кам-бек против Тотенхем, Јунајтед утнаа два пенали, но победија (видео)

Ливерпул ја оддржа предноста од шест поени на врвот на Премиер лигата, откако успеа да се врати и со 2:1 да ги победи Тотенхем во реприза на минатогодишното финале од Лигата на шампионите.

Мечот само што започна, во 47. минута гостите дојдоа во водство на „Енфилд“ откако Хери Кејн ја казни лошата интервенција на Дејан Ловрен кој топката ја упати во стативата, па таа дојде пред главата на напаѓачот.

Но, тимот на Јирген Клоп не се предаде и Џордан Хендерсон прво израмни во 52. минута, пред во 75. минута да дојдат до предност која не ја предадоа со гол од пенал на Мохамед Салах. Пеналот беше досуден по еден катастрофално лош старт на Серж Орие над Садио Мане. Единствена грижа за Клоп може да биде обновената повреда на Салах, поради која тој беше повлечен во финишот на мечот.

Манчестер јунајтед пак, стигна до ретка гостинска победа, триумфирајќи со 3:1 на гостувањето кај Норич и покрај тоа што во првото полувреме двапати не беа прецизни од белата точка. Скот Мектоминеј во 21. минута ги донесе „ѓаволите“ во водство, а Маркус Рашфорд во 28. минута имаше совршена шанса да зголеми на 0:2 од пенал, но неговиот удар беше одбранет.

Рашфорд се „поправи“ само две минути подоцна да зголеми на 0:2, по што во 43. минута беше досуден уште еден пенал, но сега Антони Марсијал беше непрецизен. И тој доби шанса за „поправен“ откако во 73. минута зголеми на 0:3, пред Оњел Ернандез да ги постави конечните 1:3 во 89. минута.

Арсенал пак, по само 9 минути игра имаше 2:0 предност против Кристал палас, за на крајот да се задоволи само со поен по 2:2 ремито. Сократис и Давид Луиз придонесоа за фуриозен старт на „Емирати“, пред Палас да се вратат со головите на Лука Миливојевиќ (32. минута од пенал) и Џордан Ају (52. минута) да направат импресивен кам-бек.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 10.КОЛО

Арсенал  – Кристал палас 2:2

Ливерпул – Тотенхем 2:1

Норич – Манчестер јунајтед 1:3

Scroll to Top