Ливерпул го заддржа стоотстотниот учинок во Премиер лигата, откако успеа да изддржи за 2:1 победа на гости кај Челси, додека Арсенал се намачи со 10 играчи да стигне до 3:2 победа против новиот премиерлигаш Астон вила.
„Црвените“ ја забележаа својата шеста победа во исто толку кола во новата сезона, заддржувајќи ја предноста од дури пет поени пред Манчестер сити, кои вчера го декласираа Норич (8:0) за да покажат дека не се откажуваат од трката.
Работите не изгледаа добро за тимот на Френк Лампард во првите половина час од мечот, откако прво Трент Александер-Арнолд во 14. минута од мечот, а потоа и Роберто Фирмино по половина час игра успеаја да го совладаат Кепа Аризабалага за удобно 2:0 водство на полувреме.
Сепак, „сините“ не се откажаа и играа посебно напаѓачки во второто полувреме и Н’Голо Канте во 74. минута со убав пробив успеа да намали на 1:2. И покрај обидите до крајот на мечот да стигнат барем до поен, на крајот „црвените“ си заминаа со цел плен.
На „Емирати“ пак, Џон Меккгин во 20. минута ги донесе Астон вила во водство, поставувајќи притисок на тимот на Унаи Емери, кој се зголеми во 41. минута, кога Ејнсли Мејтланд-Најлс доби втор жолт картон и ги остави „топчиите“ со играч помалку.
Сепак, Арсенал успеа да израмни со гол од пенал на Пепе во 59. минута од мечот, пред Вила повторно да дојде до водство во следниот напад преку Веслеј. Сепак, за разлика од многу мечеви оваа сезона, „топчиите“ покажаа срце и со головите на Калам Чејмберс во 84. минута и на Пјер-Емерик Обамејанг четири минути подоцна стигнаа до третата победа оваа сезона, но прва по три меча.