Top Sport

Ливерпул со пет прекрасни гола го „потопи“ Наполи (видео)

Ливерпул уште еднаш најави дека оваа година ќе е еден од фаворитите за титулата во Премиер лигата, откако во пријателски меч во Даблин со високи 5:0 го совлада тимот на Наполи.

Во тимот на Јирген Клоп дебитираше новиот голман, најскапиот на светот, Алисон Бекер, а повратник во тимот беше и Роберто Фирмино.

На „Авива“, Ливерпул имаше фуриозен почеток, откако уште во четвртата минута по неубедливиот потег на одбраната на Наполи, Џејмс Милнер упати силен удар за 1:0. Само пет минути подоцна, Милнер повторно беше во главна улога, кога одлично го пронајде Вајналдум, кој зголеми на 2:0.

Во второто полувреме, Мо Салах покажа дека маките од СП во Русија ги оставил зад себе, откако во 58. минута го постигна третиот гол за „црвените“ по одличната повторена реакција, а во 73. минута Даниел Стариџ зголеми на 4:0.

Стариџ му даде добра топка на Морено, кој покажа добар „осет“ со прекрасен гол од работ на шестнаесетникот за целосен „потоп“ на тимот на Клаудио Анчелоти.

Scroll to Top