Top Sport

Легендата на италијанскиот бокс почина од коронавирусот

Поранешниот првак на Европа во бокс Анџело Ротоли починал во Бергамо од коронавирусот. Трагедијата за семејството е поголема бидејќи две недели претходно во болницата починале и мајката и братот на Ротоли.

Ротоли е поранешен европски и италијански шампион во крузер категоријата, а во 1987 година го освоил шампионскиот појас во верзијата на ВБЦ.

Во кариерата имал 35 борби, забележал 30 победи, три пати бил поразен.

Scroll to Top