Top Sport

Ливерпул „умреле од смеа“ кога ја слушнале понудата за Мане

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, од вчера се наоѓа во Ливерпул, каде ги започнал преговорите околу трансферот на Садио Мане.

Понудата на Салихамиџиќ во Ливерпул ја оцениле како „смешна“.

Британските медиуми тврдат дека Баерн е подготвен да издвои вкупно 35 милиони евра, но тука се вклучени сите потенцијални бонуси (7,5) кои веројатно никогаш не би биле исполнети поради клаузулата што сака Баерн да ја вметне во договорот.

Според неа, Баерн на Ливерпул би му ја исплатил целата сума од трансферот со бонуси само доколку Садио Мане со нив освои три Златни топки.

Ливерпул веднаш ја одбиле оваа понуда и му порачале на Салихамиџиќ дека начинот на кој им пристапил е понижувачки, по што се поставува прашањето како и кога ќе продолжат преговорите за трансферот на Мане.

Мане има 30 години и минатата сезона постигна 23 гола за црвените. Тој е во клубот од 2016 година.

Scroll to Top