Јирген Клоп и Ливерпил извисија во трката по потписот на напаѓачот на Лајпциг Тимо Вренер. Германецот ќе се пресели во Челси, а Клоп веќе има нова мета, тоа е Усман Дембеле од Барселона.
Англиските медиуми попладнево објавија дека Ливерпул и Барселона ги започнале преговорите околу евентуалниот трансфер на францускиот репрезентативец.
Според овие извори Дембеле би сакал да остане во Барселона, но дека немало да се противи доколку клубовите го договорат трансферот.
Дембеле е играч на Барселона од 2017 година, меѓутоа поради честите повреди тој за клубот имаодиграно само 52 натпревари.