Top Sport

Трипл-дабл за Јокиќ, пораз за Денвер (Видео)

Финикс Санс немаа нерви ниту искуство за да ги изненадат шампионите од Оукленд, Голден стејт Вориорс. Иако имаа предност во првите три четвртини, Санс не го издржаа притисокот, потклекнаа во решавачкиот период, кога Голден стејт направија серија 13:0.

Дуелот на најлошиот и најдобриот тим на Западот им припадна на Вориорс 117:107. Клејн Томпсон постигна 25 поени, Кевин Дурент 21, а Стеф Кари 20, додека кај Финикс се истакна Кели Оубри со 25 поени.

Вориорс имаат скор 39 победи и 15 порази, а Финикс 11 победи и 44 порази.

Лидерот на Истокот и воопшто во лигата, Милвоки Бакс убедливо победија во Далас 122:107. Уште еднаш брилијантен меч одигра Јанис Адетокумбо (29 поени, 17 скока, 5 асистенции). Лука Дончиќ со 20 поени ги предводеше Далас.

Детроит Пистонс очекува лесно ги победија Њујорк Никс 120:103. Андре Драмонд забележа 29 поени и 20 скока. Њујорк го забележаа 15 пораз во низа.

Најпривлечниот дуел изминатата ноќ го одиграа Филадлефија и Денвер (117:110). Денвер се вратија во мечот откако имаа минус од 16 поени, но играчите на Филаделфија успеаја во финишот да ја обезбедат победата.

Ветеранот Џеј-Џеј Редик ги предводеше победниците со 34 поени, Џими Батлер постигна 22, а Џоел Ембид забележа 15 поени и 12 скока.

Кај Денвер најдобар беше Никола Јокиќ со трипл-дабл од 27 поени и по 10 скока и асистенции.

Scroll to Top