Top Sport

Љоренте по пола сезона се враќа во Тотенхем?

Во неверојатен пресврт, според „Ла газета дело спорт“, Фернандо Љоренте може да се врати во Тотенхем како позајмен фудбалер, само шест месеци откако се приклучи на Наполи.

Тотенхем се наоѓа во криза со напаѓачи по повредата на Хери Кејн, и очајно бара напаѓач, и во неверојатен развој на настаните може да го врати фудбалерот кого на крајот на минатата сезона го пуштија како слободен фудбалер.

34-годишниот Шпанец Љоренте настапуваше за Тотенхем од 2017 до 2019, пред оваа сезона да има 21 настап за Наполи со четири гола и една асистенција, иако поголемиот дел од натпреварите влегуваше како замена.

По доаѓањето на клупата на Џенаро Гатузо и префрлање на 4-3-3 систем на игра, Љоренте има само два настапи по шест минути. Претходно се веруваше дека Жозе Мурињо и Тотенхем го сакаат Кшиштоф Пјонтек од Милан, но „росонерите“ бараат 35 милиони евра за директен трансфер и не го пуштаат како позајмен фудбалер.

Scroll to Top