Барселона во сабота го пречекува Хетафе на „Ноу Камп“ во меч во кој новиот тренер Кике Сетиен ќе се соочи со Хозе Бордалас, тренерот со кој има историја на несогласувања.
Двајцата прво беа во конфликт уште кога Сетиен беше тренер на Луго, а Бордалас на Алкоркон, а по 1:0 поразот на Луго, Сетиен изјави дека ривалите не ја заслужиле победата бидејќи трошеле време.
Двајцата тренери се сретнаа 10 пати во нивните кариери, а Бордалас има далеку подобар скор – шест победи, две ремија и само две победи на тимовите на Сетиен. По поразите, Сетиен ја нарекуваше тактиката на Бордалас „анти-фудбал“ велејќи дека тимовите не „дозволуваат да се игра фудбал“.
Сетиен вели дека несогласувањта се во минатото.
„Околу Бордалас, веќе заборавив сè и нема да зборувам за тоа. Тој се докажа во последните години и имаше план со кој неговиот тим стигна до Европа. Ќе биде тешко да се победат“, вели Сетиен.