Top Sport

Љубомората кон славниот фудбалер бил мотивот на напаѓачот на Пабло Мари

Андреа Томболини, човекот кој уби еден човек и избоде уште пет, вклучувајќи го и фудбалерот на Монца, Пабло Мари, на полицијата им кажал дека се почувствувал „љубооморен“ кога го видел шпанскиот фудбалеер во супермаркетот во Асаго, предградието на Милан.

46-годишниот Томболини прво го избодел Мари, и иако досега се сметаше дека се работи за случаен напад, „Ла газета дело спорт“ објавува дека причината била токму во фудбалерот, бидејќи на полицијата им кажал дека се почувствувал љубоморен и дека планирал да сопре по овој напад, но почнал да ги боде и другите луѓе. Томболини е во под грижа на психијатри и изјавил дека има тумор во мозокот и наскоро ќе умре, иако нема ваква дијагноза.

Мари, кој е во Монца како позајмен фудбалер, а минатата сезона играше за Удинезе, во супермаркетот бил со неговата сопруга и со нивното дете, кое било седнато на количката за шопинг. Тој беше однесен на итна операција и се очекува да паузира од фудбалот неколку месеци.

Пабло Мари се јави од болница, Монца бара одложување на мечот со Болоња

Scroll to Top