Top Sport

„Љубовта кон Интер не можат да му ја одземат“

„Интер никогаш нема да може да му ја одземе љубовта што кон клубот ја има Икарди“, тврди сопругата на напаѓачот, Ванда Нара.

Икарди шест месеци не беше во тимот на Интер, челниците му ја одзедоа капитенската лента, а во центарот не вниманието се најде синоќа кога му дозволи на Иван Перишиќ да го изведе пеналот против Фросиноне.

„Му ја одзедоа капитенската лента, не е повеќе прв изведувач на пеналите, но никогаш нема да можат да му ја одземат љубовта кон клубот“, рекла Ванда.

„Еводентно е дека Перишиќ го праша Маури, кој позитивно му одговори. За мене тој гест е поважен од голот. Преубаво. Исто како и фактот дека Мауро прв му честиташе. Тоа сепак не значи дека тие се пријатели“, заклучила сопругата на Икарди.

Scroll to Top