Top Sport

Павар на прегледи во Минхен

Светскиот првак со Франција, десниот бек Бенжаман Павар, денс треба да се појави на медицинските прегледи во Минхен. Информацијата ја објави „Кикер“, а според овој извор Павар по медицинските прегледи ќе потпише договор до најтрофејниот германски клуб.

Павар изминатите три години е играч на Штутгарт. Со овој клуб тој има договор до 2021 година. Поради тоа Баерн за неговите услуги ќе платат околу40 милиони евра.

Бенжаман Павар ќе биде второто засилување на Баерн за наредната сезона. Претходно Баварците за 80 милиони евра го потпишаа сонародникот на Павар, Лукас Ермамдез од Атлетико Мадрид.

Scroll to Top