Top Sport

Солскјер: Не треба да ни биде инспирација она што се случи 1999 година

Менџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, рекол дека некои од победите што ги забележале неговите играчи оваа сезона треба да им бидат инспирација во пресрет на реваншот против Барселона, во Лигата на шампионите.

Барселона, минатата недела на „Олд Трафорд“ во Манчестер, победи 1:0 во првиот четврт-финален натпревар.

Манчестер Јунајтед и во претходната рунда беа во слична ситуација. ПСЖ во Манчестер победија 2:0, а во реваншот во Париз, Јунајтед победија 3:1.

Новинарите го потсетиле Солскјер и на 1999 година и финалето против Баерн, кога Јунајтед во судиското надополнување на времето со два гола ја освоија титулата.

„Не сакам да се враќам на тој меч, тогаш Баерн ни беше противник“, рекол Солскјер и дополнил.

„Тоа беше финале, сега ситуацијата е поинаква. Треба да се потсетиме на победите над ПСЖ, претходно над Јувентус…Сезонава победивне големи тимови, тимови што имаат врвни фудбалери. Сигурен сум дека моите фудбалери сонуваат дека можат да направат пресврт на Ноу Камп“.

Натпреварот во Барселона на програмата е во вторник од 21 часот.

Scroll to Top