Преодниот менаџер на Арсенал, Фреди Љунгберг вети дека ќе „даде сè“ за својот поранешен клуб по отказот за Шпанецот Унаи Емери.
18-месечниот престој на Емери неславно заврши во петокот по 2:1 поразот дома од Ајнтрахт Франкфурт во Лига Европа. 42-годишниот Швеѓанец Љунгберг, кој играше за клубот од 1998 до 2007 година, ќе го предводи тимот против Норич во недела и објави порака до навивачите на „топчиите“.
„Додека сум во Арсенал, ќе дадам сè што имам за да ги вратам насмевките на лицата. Не чекаат четири напорни недели и на тимот му е потребна вашата поддршка. Ајде да работиме“, напиша Љунгберг.
Љунгберг беше ценет член на тренерскиот тим на Емери, а доаѓа како „смирувач“ на ситуацијата по неколку токсични месеци на „Емирати“. Фановите го искажаа своето незадоволство со илјадниците празни места за дуелот со Ајнтрахт Франкфурт, меч во кој тие во седми меч немаат победа, најлоша низа со три декади.
Тешко е да се верува дека Љунгберг ќе биде постојано решение, откако за главен кандидат се смета шефот на Вулверхемптон, Нуњо Еспирито и поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри, како и помошникот на Пеп Гвардиола во Манчестер сити и поранешен фудбалер на Арсенал, Микел Артета.
However long I oversee @Arsenal for I will give everything I have to put smiles on faces again. We have a busy few weeks ahead and the team needs your support. Let’s get to work! pic.twitter.com/WdekcA4h5G
— Freddie Ljungberg (@freddie) November 29, 2019