Македонскиот прволигаш Работнички денеска ги почнува подготовките за новата сезона во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“ имаат нов шеф на стручниот штаб и амбиции да реализираат многу поуспешна сезона од минатата која ја завршија на осмото место во Првата лига.
Љупчо Марковски Калц ја доби довербата на раководството да го предводи Работнички во новиот шампионат. Тој денеска од 18 часот во клупската база ќе ја изврши првата прозивка на фудбалерите, а потоа ќе биде одработен и првиот тренинг.
Засега ново име во редовите на Работнички е голманот Игор Алексовски, поранешниот младински репрезентативец, кој дојде од Ренова.