Top Sport

Ло Селсо пред преселба во Наполи

Фудбалерот на Тотенхем, Џовани Ло Селсо, е вишок во тимот на Антонио Конте и ќе биде продаден до крајот на летото. Најголем интерес за услугите на аргентинскиот репрезентативец покажува Наполи.

Челниците на клубот од југот на Италија отпочнале преговорите кои моментно се движат во позитивна насока.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „наполитанците“ сакаат да го доведат 26-годишниот играч од средниот ред на позајмица со опција за откуп.

Ло Селсо дојде во Тотенхем во 2020 година од Бетис за 32 милиони евра. Досега има 84 настапи за Тотенхем и постигна девет гола. Изминатата сезона ја мина на позајмица во шпанскиот Вилјареал.

Scroll to Top