Top Sport

Лоди позитивен на корона вирусот, но девет фудбалери на Атлетико имаат „имунитет“?

Бекот на Атлетико Мадрид, Ренан Лоди бил позитивен на корона вирусот, утврдило тимското тестирање оваа недела, но дури девет негови соиграчи веќе имале имунитет на болеста, објави шпанската новинска агенција „ЕФЕ“.

Сите членови на тимот на Атлетико беа тестирани на корона вирусот по одлуката на владата дека може да се продолжи со индивидуалното тренирање, и само 22-годишниот бразилски дефанзивец бил позитивен. Девет од неговите соиграчи биле имуни, односно во нивното тело ги имало потребните антитела со кои може да се одбранат од вирусот.

Ла лига објави дека очекува барем 30 позитивни фудбалери, но посочија дека тоа нема да го спречи рестартот на сезоната, планиран за јуни. Тие кои ќе бидат позитивни ќе одат во карантин, и ќе бидат тестирани пред можното враќање.

Според „АС“, Лоди имал симптоми на вирусот уште на почетокот на март, но не заминал на тестирање и останал дома со неговата партнерка Рафаел Лима. Ова значи дека симптомите се појавиле неколку дена пред Атлетико Мадрид да гостува на „Енфилд“ кај Ливерпул во последниот меч од Лигата на шампионите на 12 март, пред суспендирањето на фудбалот.

Scroll to Top