Top Sport

Тен Хаг: Меси не е истиот откако си замина Гвардиола

Тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг смета дека ѕвездата на Барселона, Лионел Меси не успеа да го заддржи истото ниво на квалитет по заминувањето на Пеп Гвардиола од „Камп Ноу“ во 2012 година.

Гвардиола стана тренер на Барса во 2008 и во фантастични четири сезони ги предводеше Каталонците до три титули од Ла лига, два Копа дел реј трофеи и две титули од Лигата на шампионите. Во овој период, Меси четири пати од 2009 до 2012 ја освојуваше „Златната топка“, а во последната сезона под Гвардиола стигна до најдобриот скор во кариерата – 50 гола во 37 настапи во Ла лига во 2011/12.

Оттогаш Барса само уште еднаш ја освои титулата од Лигата на шампиони, иако освои пет шпански трофеи, а Меси стигна до уште две „златни топки“. Тен Хаг смета дека под Гвардиола Меси бил тимски играч, а потоа тоа се сменило.

„Меси беше еден од лидерите, но исто така работеше за тимот и затоа имаа такви резултати. Никогаш повторно не беше толку добар како под Гвардиола. Барселона исто така без Гвардиола немаше многу европски успех. Тој уште е фантастичен, но исто така оди и кон пониската граница, што не беше случај под Гвардиола. Пеп имаше храброст да биде иновативен“, вели Тен Хаг.

Scroll to Top