Top Sport

Локатели со прв гол за Јувентус, повреда за Дибала

Јувентус сврза две победи во низа во Серија А, триумфирајќи над Сампдорија со 3:2, резултат кој ќе го намали притисокот на Масимилијано Алегри, но во исто време тој доби и лоша вест по повредата и заминувањето од теренот во солзи на Пауло Дибала.

Токму Дибала го отвори резултатот во 10. минута со убав гол од далечина, но во 20. минута мораше да излезе од теренот со мускулна повреда. Лео Бонучи во 43. минута од пенал го удвои водството, пред гостите од Џенова само минута подоцна преку Маја Јошида да намалат на 2:1.

Сепак, печат на победата со својот прв гол за Јуве стави Мануел Локатели по асистенцијата на Дејан Кулушевски во 57. минута, пред Сампдорија да ги направи последните минути на „Алијанц стадионот“ интересни со голот на Антонио Кандрева во 83. минута од мечот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top