Top Sport

Квон со прва АТП титула во кариерата

Јужнокореецот Сунву Квон триумфираше на Астана опен во Нур-Султан, Казахстан за своја прва АТП титула во кариерата. Квон, кој порази тројца носители на патот до финалето, го совлада Австралиецот Џејмс Дакворт со 7:6(6)/6:3 за да стане само вториот Кореец со АТП титула по Хјунг-Таик Ли во Сиднеј во 2003 година.

„Пресреќен сум што победив денеска и воопшто не беше лесно против Џејмс. Тој сервираше навистина добро и беше тешко да се заддржи фокусот секој поен“, вели 23-годишниот Квон.

Претходно оваа сезона, Квон стигна до четврт-финалињата во Сингапур, Марбелја и Истбурн, и од понеделник ќе биде на највисокото место на АТП турнејата, на 69. место.

Scroll to Top