Лондонски Арсенал го финализираше долгоочекуваниот трансфер со младиот Алберт Самби Локонга. Играчот од среден ред на белгиски Андерлехт потпиша договор со клубот од „Емирати“ до летото 2026 година.
Премиерлигашот на име обезштетување ќе плати 17,5 милиони евра плус уште околу 4,5 милиони евра за бонуси.
Белгиецот во таборот на „топчиите“ ќе го носи дресот со број 23.
Минатата сезона Локонга одигра 27 меча за Андерлехт, постигна 3 гола и имаше 2 асистенции.
Наскоро, се очекува официјализирање и на трансферот на Бен Вајт, дефанзивецот на Брајтон кој Арсенал ќе го чини 50 милиони евра.
???ed and loaded ? pic.twitter.com/teIKur1gPA
— Arsenal (@Arsenal) July 19, 2021