Top Sport

Лопетеги ги прекинал преговорите со Вулверхемптон

Хулен Лопетеги ги прекина преговорите со премиерлигашот Вулверхемптон.

Лопетеги, минатата среда, доби отказ во Севилја, поради серијата лоши резултати.

Според последните информации кои доаѓаат од Шпанија, тој ги прекинал преговорите со Англичаните поради лошата здравствената состојба на неговиот татко.

Лопетеги одлучил целосно да му се посвети на семејството, тој во наредниот период нема да прифати никакви понуди за работа.

Пред Севилја беше тренер на Реал Мадрид, Порто и селектор на шпанската репрезентација.

Scroll to Top