Хулен Лопетеги (51) го продолжи договорот со Фудбалскито сојуз на Шпанија. Лопетеги ќе остане селектор на Шпанија најмалку до 2020 година.
51-годишниот тренер функцијата ја презеде пред две години од Винсенте дел Боске и со него на кормилото „црвената фурија“ нема пораз. Шпанија на 18 натпревари забележала 13 победи.
„Задоволни сме од постигнатото и возбудени од она што следува. Важно е да се има континуитет на добри резултати. Јасно е дека сме задоволни“, рекол Лопетеги.
Шпанија во 2010 година ја освои светската титула, две години пота ја одбрани европската круна, а во 2014 на СП во Бразил доживеа дебакл и не успеа да ја мине групата.
На Светсктоо првенство во Русија, Шпанците се во Б-групата, заедно со Португалија, Иран и Мароко.