Шпанските месиуми со внимание следат се она што се случува во пресрет на големото дерби помеѓу Барселона и Реал. Централна фигура секако е тренерот на Реал, Хулен Лопетеги, под чија команда клубот минува низ еден од најтешките периоди во историјата.
Шпанците се убедени дека Лопетеги ќе добие отказ доколку Реал забележи пораз во дербито, а не се сигурни дека ќе остане на функцијата и доколку освои бод или пак победи.
„Мораме да биде добри во недела. Прво и основно, јас сум фокусиран на фудбалот. Мораме добро да се браниме и одлично да напаѓаме“, со овие зборови ја започнал прес конференцијата Лопетеги, а потоа одговорил и на прашањето дали за него ќе постои живот и послед Ел класико.
„Не мислам дека ќе умрам, мислам дека има живот и после Ел класико. Ќе бидеме фокусирани и најмногу ќе размислуваме за нашата игра. Знаеме против кого играме и мораме да ги искористиме нашите квалитети“, заклучил тренерот на Реал.
Големото дерби в недела ќе започне во 16:15 часот.