Top Sport

Лопетеги прва желба на газдите на Вулверхемптон

Тренерот на Севилја, Хулен Лопетеги е посакуваниот наследник на Бруно Лаже на клупата на Вулверхемптон, тврди британскиот „Скај спортс“, откако Португалецот доби отказ по 2:0 поразот од Вест хем по кој се на 18. место во Премиерлигата, со само една победа и три постигнати голови.

На саботното гостување кај Челси, тимот ќе го предводат тренерите Стив Дејвис и Џејмс Колинс, и иако се верува дека е можно продолжување на „португалската традиција“ во клубот, Лопетеги е првиот избор. 56-годишниот Лопетеги нема најдобар старт на сезоната во Ла лига, откако се на само еден поен од зоната за испаѓање, а исто така се на последното место во нивната група во Лигата на шампиони.

Лопетеги беше поврзуван со „Молињу“ уште во 2016 година, но тогаш стана шпански селектор, пред да добие отказ пред Светското првенство во 2018 откако се договори со Реал Мадрид. Тој остана само 14 меча на клупата на „Сантијаго Бернабеу“.

Scroll to Top