Top Sport

Цитатите на Фергусон и Мурињо влегоа во речникот на Оксфорд

„Класичните“ изјави на фудбалските менаџери Сер Алекс Фергусон и Жозе Мурињо влегоа во последната верзија на англискиот речник на Оксфорд (ОЕД). Овој речник содржи 600.000 зборови, 3 милиони цитати од над 1.000 години англискиот јазик и се смета како клучен документ за следење на англискиот јазик.

Пред Светското првенство во Катар, ОЕД во својот тримечесен извештај воведе 15 нови фрази, вклучуваќи ги „squeaky bum time“ (време за пискави задници) на Сер Алекс Фергусон и „park the bus“ (паркирање на автобусот) на Жозе Мурињо.

Изјавата на Фергусон доаѓа од неговите епски ментални игри против Арсенал на Арсен Венгер во 2003 година. Во жестоката борба за титулата, Фергусон кажа: „Тие имаат преигрување на куп меч против Челси и ако победат тогаш ќе имаат полуфинале три дена пред да играат со нас во лигата. Но, нели кажаа дека ќе ја освојат тројната титула. Сега е време за пискави задници и ние имаме искуство да се справиме со тоа“.

Според речникот, фразата се користи за опишување на тензични моменти во финишот на спортските натпреварувања.

Мурињо, пак, како менаџер на Челси пред мечот со Тотенхем во 2004 година изјави: „Да се игра на таков негативен начин, можеа да го постават тимскиот автобус пред голот“.

Други нови фрази во речникот се Total Football (стил на игра популаризирана од Холанѓаните), row Z (последниот ред на стадионот), False No.9 (лажна деветка – напаѓач кој често оди кон средината на теренот) и trequartista (италијанска фраза за фудбалер од нападот кој оперира во просторот меѓу средниот ред и напаѓачите).

Scroll to Top