Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги во иднина би можел да ја преземе репрезентацијата на САД.
Лопетеги, две години беше шпански селектор, а доби отказ на 48 часа пред почетокот на Светското првенство во Русија, кога објави дека по Мундијалот ќе се пресели на клупата на Реал.
Во Мадрид не се задржа многу, бдејќи пред еден месец доби отказ поради серијата на лоши резултати.
Овој 52-годишен тренер, во кариерата би селектор на младинските селекции на Шпанија, а работел и во Рајо Ваљекано односно Порто.
САД, од клупата ги предводи Дејв Сарачан, но тој е само привремено решение. Сарачан дојде на местото на Брус Арина, кој ја напушти функцијата по неуспешните квалификации за пласман на СП во Русија.