Top Sport

„Лордот“ Бендтнер се пофали со видео на неговата прекрасна девојка (видео)

На поранешниот напаѓач на Арсенал, а сега прва ѕвезда на Розенборг, Никлас Бендтнер очигледно не му е многу грижа што неговиот тим беше елиминиран во Лигата на шампионите, откако на Инстаграм објави видео на која неговата згодна девојка, Филин Репсторф танцува топлес во хотелска соба. Причината за ова видео е едноставна – роденденот на неговата девојка.

31-годишниот Бендтнер секогаш знаел како да привлече внимание – дали со покажување на своите гаќи со спонзор (за што беше казнет), дали со обвинението за претепување на таксист, дали со своите „експлицитни“ видеа.

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Јувентус и Волфсбург, кој поради своето однесување доби прекар „Лордот Бендтнер“ набргу го избриша видеото, но нормално на Интернет ова не значи ништо.

Бендтнер навистина е „лорд“ (видео)

Бендтнер почна со отслужувањето на 50-дневната затворска казна

 

Scroll to Top