Top Sport

Русите ги разбија Шпанците на 3 дена пред почетокот на Мундобаскетот

Кошаркарската репрезентација на Русија ја совлада селекцијата на Шпанија со убедливи 74-55 во последниот меч од подготовките за Мундобаскетот кој запонува за 3 дена во Кина.

„Зборнајата“ го скрши отпорот на „фуријата“ во третата четвртина која ја доби во своја полза со 27-13.
Мора да се истакне фактот дека Шпанија на овој меч настапи без Марк Гасол и Руди Фернандес кои имаа стомачни проблеми.

Русија до убедливата победа стигна пред се благодарение на Витали Фридзон кој уфрли 14 поени. По него Андреј Зубков имаше 11, а Григори Митовилов постигна 10.

Кај „фуријата“ прв стрелец со 26 поени беше Вили Ернангомес, а неговиот брат Хуан додаде 12 поени.

Двете селекции својот прв настап на СП во Кина ќе го имаат на 31 август. Русија игра против Нигерија, а Шпанија против Тунис.

Scroll to Top