Top Sport

Лоренцо Инсиње го постигна првиот гол во дресот на Торонто

Лоренцо Инсиње го постигна својот дебитантски гол во МЛС лигата. Репрезентативецот на Италија беше стрелец во драматичната победа на Торонто со 4:3 како гостин против Нешвил.

Поранешната ѕвезда на Наполи погоди во 77. минута со силен удар надвор од шеснаесетникот.

Во составот на Торонто се појавија и другите двајца Италијанци кои беа доведени ова лето, Федерико Бернардески и Доменико Кришито. Бернардески реализираше пенал во 54. минута, а Џонатан Осорио ги постигна другите два гола за гостите.

Scroll to Top