Top Sport

Лош ден! Девојката на Јулијан Нагелсман си замина од „Билд“

Истиот ден кога Баерн Минхен му дадоа отказ на Јулијан Нагелсман, и неговата девојка, Лена Вирценбергер си замина од спортската редакција на весникот „Билд“.

Според поранешниот фудбалер на Баерн, Маркус Бабел, голем проблем во Баерн била токму врската на Нагелсман со новинарката од Минхен. Нагелсман минатото лето ја напушти својата сопруга за да влезе во врска со 30-годишната Вирценбергер, која беше новинарка на „Билд“ задолжена за Баерн Минхен.

Овој месец, тактичките планови на Баерн се појавија на страниците на „Билд“ зголемувајќи ги шпекулациите дека постои „крт“ во соблекувалната, иако нема докази дека тие информации биле токму од Нагелсман. Вирценбергер продолжи да работи во „Билд“ на други проекти, но сега целосно ќе си замине од весниот.

„Го исполнивме нејзиното барање да си замине и само можеме да и посакаме многу среќа и успех во иднина“, се вели во објавата на „Билд“.

Scroll to Top