„Обновениот“ Евертон стигна до импресивна 1:0 победа на тешкото гостување кај Тотенхем во првиот меч од новата сезона во Премиер лигата за двата клуба.
Во првите 45 минути, на сцена стапија новите засилувања на Карло Анчелоти, Дукуре, Алан и Хамес Родригез, со што гостите беа поопасни, но сепак, не успеаја да стигнат до гол, иако Ришарлисон го промаши невозможното.
Ова се смени во 55. минута, кога по едно одлично нафрлање на Лукас Дињ, Доминик Калверт-Луин имаше фантастичен удар со глава за да го совлада Иго Лорис. Ришарлисон имаше уште две одлични шанси во 70. и 72. минута, но повторно беше непрецизен.
Ова е прва победа на Евертон над Тотенхем од декември 2012 (2:1), но и прва победа на Евертон на гости кај лондонскиот клуб од 2008 година (0:1).