Минатиот викенд во семејството Инзаги нема да биде запаметен по добро – откако тренерот на Интер, Симоне Инзаги го загуби дербито со Милан, додека неговиот попознат брат, Филипо беше отпуштен од второлигашот Бреша.
Поразот во „Дерби дела мадонина“ го остави Интер на првото место на табелата со само еден поен предност, а веќе следниот викенд гостуваат кај Наполи.
Филипо, попознат како Пипо, пак беше отпуштен од газдата на Бреша, Масимо Челино по 0:0 ремито кај Козенца и доаѓа во необичен момент – Бреша е трета во Серија Б со само два поени зад лидерот Лече. Покрај тоа, Бреша стигна до рекорд од победи на гости оваа сезона, така што не се работи за недостаток на поени, туку за различна визија за иднината на клубот.